Реков: глобално сум упатен во случајов што го снајде нашиов Уред , но имам проблеми во врска со поединостите.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Што да ви кажам... Ми се тресе тлото под нозете, сликите се удвојуваат, сѐ ми се чини кревко, како да ќе се сруши секој миг - зборувам како интелигентна особа која се изразува во метафори и нѐ гњави со поединости.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)