Скицата со податоците стави ја во Волшебното самарче и прати ја по млекарчево.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Во четата Раде беше назначен за заповедник на извидувачка група, која ќе требаше да се инфилтрира во позадината на непријателот и да го снабдува Штабот на 23от пешачки полк со податоци во врска со движењата на непријателските сили, нивниот состав, големината и многу други нешта битни за успешните воени дејствија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ова со авторите го земав како пример затоа што во последно време сѐ повеќе сме соочени со податоци кои зборуваат дека има многу писатели на драмски дела и многу малку читатели на истите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога надлежните органи го прекориле со зборовите: „Ама, бре Сталине, пак ли ти!“ тој ги смирил со податокот дека со Белгијанецот, стопанот на кравата, бргу се нагодиле.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Му пишав писмо на Александар М., приредувачот на патописите што ги користев, да ме извести доколку располага со податоци сврзани за Маказар и, уште повеќе, за трговецот од ова место, Никола Поцо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Навистина убаво е кога би располагале со податоци кои зборуваат дека нашите луѓе ги посетуваат театрите не по желба, туку поради нужна потреба.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)