Обружани со плева на косата, на веѓите, на носот, на алиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И лежам крај неа, вели, целиот глибав, омрлушен и смекнат. Ко перница со плева, вели, ко раскиснат снег. Дури и коските ги сеќавам дека ми се празни и меки, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Едни вадат камења од реката, ги кршат и ги носат, други сечат греди, летви, чатми, диреци и појаси, жените мешаат кал со плева, гаснат вар и се крена куќарчето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некој топол и брз ветер, кој уште од изутрина задува по Градишки Пат оттаму, од кај гората, чинеше, потрчај, заграби пепел измешана со плева и таков, усукан и извишен, рашири ги грстовите и развеј ја пепелта и плеват на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Свенаа и жените, и момите. Шамиите преврзани и преку носот и преку устите, и кошулите напластени со плева и прав.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)