со (предл.) - плачење (имн.)

- Татко, татенце, - свикав и со плачење се фрлив на него, го гушкав, ми се чинеше за последен пат вака слободно, само мој...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Заминала дома со плачење, и цела ноќ ги читала моите песни; се проверувала себеси и својата партиска совест, и во песните не нашла ништо посебно штетно за Партијата и здравиот народен дух, освен што и понатаму мисли дека тие песни биле несоодветни за приредбата во училиштето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ми се плачеше. За несреќа, или можеби среќа, уште како дете имав проблеми со плачењето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овој ќе се штрекне и запира со плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас веќе не можам да запрам со плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој трчаше по неа со плачење.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакањето беше некое чувство на задоволство кога ќе се сретнеа и кога заедно ќе си играа во дворот и градината, иако на крајот играта завршуваше со плачење од страна на Пела.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Баба ми му се фрли со плачење околу вратот, а тој, како да се правда, ѝ рече: - Се загуби, Сандо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Можам ли да ви помогнам? - пак ра развлече онаа иста ѓаволеста насмевка. - Со плачење? ... - ја прекинав јас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Почнав да копам околу крстот, земјата ми се враќаше назад и најпосле ја фрлив прашалката и почнав со раце да копам, со нокти да гребам и со плачење викав: Мамо, стани, мамо!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И тогаш, татко ми врза шлаканица и ме пушти дома со плачење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)