— Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Место берданки, Трајко најде суровици, измешани со стари палечници — да тежат, а место фишеци — сандакот беше полн со песок.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во централниот дел на паркот имаше една голема коцкеста површина со песок каде што си играа дечињата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ќе ги земете котлињата и лопатите и ќе одите в река да ги наполните со песок. Не со вода.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Како кошаре се отворив
со матарка се премазав
да се помамиш по мирисот
да ми дојдеш
матицо моја
станав кревок и подгорен пергамент
мозаик незаштитен со песок
непрекриен со мрак
се оптегнав како апсида
за да стапнеш, конечно, во мене
со поглед вперен угоре
налик на реквием или псалм
одекот да ти биде
длабок.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Некого ќе го касне оса и тој ќе се стрча кон реката да се трие со песок, со белутрак.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Станаа тие, облекоа чизми, зедоа лопати и копачи и отидоа на насипот, Фрлаа на процепот камења, дрвја, базје, вреќи со песок и го затинаа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)