„Учен си. Но она што ќе го дрвам јас, не ќе го измериш со педи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Стаорец! Олкав, мајка му, олкав, ѓаволскиот! - болно рече Кузе и двапати измери на ѕидот со педата.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Речиси отточканото може да го проверува и по стопати, да го врти и да го разгледува од сите страни, да го мери со педи, со лакти, со сажни...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Некои од децата го мереа со педи, до милиметар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)