Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)