Меѓутоа, беше невозможно сирењето да се замени со круша, плимата со осеката, држалката со секира, мелодрамата со драма, песот и мачката, денот и ноќта, и лебот со путерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Патуваш по границите рани, странични
на вселената – изведена смисла/свет
а таму душата лебди, бдее
бедеми бедни та раскошни
со плимата плиска
со осеката секне
секавично и ведно
гледаш и мижиш во длабините
и самиот длаб
на етерот бладање, сон на сенката
светилник на помрачението
блаженство во јадот
страст за питие
смрт и заборав
за лага и заблуда
за облик, опиум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)