Ќе и напишам на Елена дека сум спал на Орелска Чука. Со орлите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Никој не е над него, никој не е со орлите, само тој, Бојан!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Смирен и цврст, свесен дека води тешка битка со некакви сили во себеси, дека победува, Бојан се засолни зад една карпа, за да не им пречи на орлите, се свитка врз сувата трева, потпирајќи го грбот до топлиот камен и се подготви да ја помине ноќта на Орелска Чука, со орлите...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со орел од ноќни пеперутки, мртвата божица бара опстанок во сонот – градител.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)