-Ластовицата е спасена! – тивко изусти старецот, со глас полн со олеснување.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Врне, се збунил некој. - Да си поседиме суви под двоколкиве, лошо кашлам. Ќе одиме подоцна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им се сторило дека и планините се издишиле со олеснување.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се смири со олеснување.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Натоварив сѐ и со олеснување се треснав на креветот.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, никој не сака несреќно да живее – со олеснување проговори Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сите со олеснување се ослободуваа од неговиот култ, од стравот од неговата подвижна сенка.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)