со (предл.) - одминување (имн.)

Со одминувањето на годините илузиите беа сѐ посилни, минуваа во последната страст што може да ја има семоќниот старец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXIII Со одминување на времето, селаните на Езерец нестрпливо очекуваа што ќе биде со селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бојан мислеше на своите. Во градите уште од некни му се валкаше мала грутка неспокој, која, со одминувањето на деновите и со непрестајното пластење на снегот, нараснуваше, почнуваше дури и да боли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)