Се подигнуваше горчливо незадоволство и како со обрачи му се стегаа градите и главата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Си идам јас оздола, вели, на еден жванец му ги стегав колцата, му клавав каврани, му ги опточував со шини, со обрачи и со тасои, вели, и гледам нешто ми се црнее на патот. Црно и бело заедно, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ладнокрвно му рече: - Однесете го здравото топче кај леарите и стегнете го со обрачи...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Веќе и самиот ја стиснал со обрачот на своите раце.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Очите му се разлеале по белината на нејзината кожа на разбранетите гради.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Раскопани, буѓосани со обрачи 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)