На света Недела, наредната, дојдоа Танаско со Пена и синот на Борис Биџов, дури од под Калето, од Фестивална, ги викнаа и синовите на Коста Ципата, Атанас на Вета и двата големи сандака, наполнети со облеката на двете Пелагии, ги кренаа на раце и ги однесоа онде зад фабриката, прво во дворот на тетка Перса, а потоа и во одајчето што беше одредено за нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Веднаш се собраа мештаните од Рајчани, го подготвија погребот со сите достојни почести и го погребаа со облеката, со наметката и оружјето негово, на местото каде што погина.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ајша почна прво со облеката: – Види што елече ти купи кадијата? Ами димииве, појавчево – чиста свила и срма.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ќе одиме со облеката... Ти мора да помогнеш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А освен пакетите полни со храна, таа многу често носеше и ќеси полни со облеки и чевли, на кои беа напишани имиња на познати бутици од Champs Elysee.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во рацете имала една торба со јадење и една торба со облека за детето, а во џебот немала ниту еден француски сантим.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)