- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исчекор од стравот за исчекор од животот! Чудна спогодба.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во приказната за смртта на Денко Самоников најсилно ме порази стравот од височините и оние детали поврзани со настојувањето да се совлада спомнатата височина; а и онаа поединост, дека притоа е користена туѓа помош.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)