Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Имаше остварен работен стаж од 28 години во истото ова претпријатие, кадешто работеше како комерцијалист.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работникот Љ Х од Велес (сега 50-годишен) беше во стален работен однос во АД „Киро Ќучук“ – една од велешките големи компании од градежниот сектор, со над 800 вработени кои, во транзицијата, неуспешно се трансформираа од страна на локални моќници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Купив со намалување! - се фалеше една жена, со пакетот во раце.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Со изменувањата и дополнувањата на овој закон (2010-2014) се воведоа две нови евиденции кои ги води АВРМ, а дополнителни промени настанаа и со намалувањето на казните за работодавачите, директорите, односно одговорните лица кај работодавачот и работниците кои ги водат евиденциите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Неповолните аспекти на овие промени донекаде се балансирани со намалувањето на потребниот стаж за стекнување право на старосна пензија, од 20 на 15 години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со намалувањето на продажбата и лошото раководење настанаа услови за влошување на работната атмосфера и условите за работа, како и нередовност на платите и нивно исплаќање во најразлични производи од компании кои своите обврски ги подмируваа со компензација т.е. взаемно пребивање на побарувањата или нивно намирување во натурален облик.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Денес почнува развитокот наназад, поврзан со намалувањето на вредноста на активата и капиталот, додека долговите не се смалуваат во ист размер.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)