Да ми е сега тука, право в очи би го прашала: - А зошто, попе Василе, нееднакво ги вооружи со моќ, со издржливост, со храброст и плашливост и зошто така го направи светот во кој е обезличена Зоја и многу други Зои?...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камилски по Татковото искажување речиси стана убеден од општите причини да се навратат и на турцизмите во јудеошпанскиот јазик, но очекуваше да ги слушне и посебните причини, коишто можеше да ги претпостави и самиот: - Сефардите, со космополитски дух и носители на бројни професии, полиглоти, со моќ брзо да ги совладуваат јазиците на луѓето со коишто живееле, успеале да се приспособат и во османската средина.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Само најмудрите – запишал нивниот doctor mirabilis – оние што знаат значењето на орелот, еленот, змијата, фениксот, на суштествата што го обновуваат животот со моќта на билките и карпите, само тие имаат шанса да го сочинат чудесниот Еликсир, во чија делотворност нѐ убедуваат писмата од Папата што сведочат за прататковската старост на одделни Тиријци, како и 223-те лета што ги преживеа отецот Силвестер, од кого се чува свежата мумија во снежниот храм на врвот од планината“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Изложбата почнува од една просторија со натпис „убавината на рамнодушноста“ - Дишанов израз за однесувањето за кое тој тврдеше дека го прифатил одбирајќи ги „редимејдите“, секојдневни предмети подигнати на ниво на уметнички дела само со моќта и вредноста на уметниковиот избор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Започнува темата на градбата на бункерите да ја поврзува со моќта на народот да се жртвува за повисоки цели, за разлика од жртвувањето односно заѕидувањето на живи луѓе, мајки со деца при градба на мостови, темели, тврдини, како што е пренесено од легендите, митските кажувања, како плод на суеверната имагинација.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога заради околностите таа идеја не била реализирана, Христов од сѐ срце и со моќта на своето перо работел на ширењето на идејата за создавање на македонска република во југословенската држава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тоа беше воедно средба на два големи поетски мага со различен итинерер на егзилот во бурната историја на Европа и Медитеранот (Шпанската граѓанска војна и Палестина).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Има во суштината на животот состојби кои не можат да се откријат со моќта и на најсреќно избраните зборови.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Култот на Јахве, според брат ми, меѓу Евреите го раширил мадијамскиот овчар кој имал исто име како и египетскиот водач - Мојсеј; но овој, вториот Мојсеј, под чие водство еврејскиот народ ја освоил земјата хананска, проповедал Бог кој бил потполна спротивност на Атон: Јахве бил обожуван од арабиското племе Мадијамци како „страшен, крволочен демон кој се појавува ноќе, додека избегнувал дневна светлина“; „суровиот, тесноград, локален Бог, насилен и крвожеден, им ветувал на своите поклоници земја ‘во која тече млеко и мед’, ги повикувал да ги истребат ‘со оштрицата на мечот’ нејзините тогашни жители”, сосема спротивно од проповедите на египетскиот Мојсеј кој на Евреите им дал “поинаква, продуховена претстава за Бог, идеја за едно единствено божество кое го опфаќа сиот свет, божество кое е исполнето со љубов подеднакво колку што е исполнето со моќ, и кое на луѓето како највисока цел им го поставувало животот во вистина и праведност”.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Иако “египетскиот Мојсеј никогаш не бил во Кадис ниту пак го слушнал името Јахве, а мадијамскиот Мојсеј никогаш не бил во Египет ниту пак знаел нешто за Атон”, тие останале запомнети како еден човек, затоа што “Мојсеевата религија ја познаваме во нејзиниот конечен облик, во каков што, да речеме осумстотини години по Ишодот, ја фиксирало еврејското свештенство”, а во тоа време двата Мојсеја веќе биле соединети во еден единствен лик, и Атон и Јахве во еден единствен Бог, во самиот себе различен онака како што се различни денот и ноќта, токму затоа што се два бога во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа, речиси на крајот од моќта да паѓа, влегуваше во неизвесна битка со моќта на телото и животот на новата рожба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)