со (предл.) - мотика (имн.)

„Море ќе те откорнам јас тебе оттука, семката твоја!“ пламна Профим и со мотиката го удри Грдана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На деда Богомил земјата ровка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На меѓата од нивата, крај грмушка осветлена од сонцето, лежи мајка му крај тукушто роденото дете; баба му Депа држи стомна со вода со која го замила; отстрана стојат неколку аргати со мотики в рака дојдени да ја видат рожбата како пастирите при раѓањето на Исус;
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Постојано додавајќи вода и плева, оваа, плевава, ги стегнува и има дава цврстина на лепешките, постојано газејќи ги и со мотики претурувајќи ги од едно на друго место, од купот лепешки правеа еднородна маса, која, после, лесно можеше да се тутка и да се лепи под стреите, спроти сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе свршиме со една меѓа и ќе се стрчаме кон друга. И ораме со мотиките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од некаде подалеку доаѓа поткопнување со мотика.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)