со (предл.) - момче (имн.)

Ете, и ти со невеста, и јас со момче, па што! Ајде, собувај се и легнувај!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Играв со момчињата во песокот на плажата, со кофички правевме дворци и тврдини од песок, а кога ќе станеше премногу топло тие трите момиња и јас трчавме во водата, се прскавме и врискавме од радост.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Таа инсистирала да дојде и сестра ѝ; дошла и таа, но од врската со момчето не станало ништо, оти тоа момче не било кафеанџија, како што се претставило ноќта кога се запознале, туку – сопственик на тајна јавна куќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На едно повисоко место, божем стокмено за караѓози, се туркаа изврзаните, стуткани мажи со момчиња, жени со девојки, и настрана децата, голуждрави и исцибрени како тукушто породени мачиња. Срцето му се стегна на Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
БАБА АНЧА: Господ што е добро, невесто, да ми ти наврти! Среќа и љубов со момчето! Сѐ полно и рамно!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Подоцна, многу подоцна, се чуло во Кукулино од некои кираџии дека се вратил оддалеку маж ѝ на Фиданка Кукникова и исекол поголема гранка од дуњата во дворот, ја исчистил од кора и ѝ ја измерил тежината со десната рака, бил висок, со светла коса и имал во торбите и дисагите што ги донел на маска секакво богатство; веднаш, со првата ноќ на неговиот втор живот во Лесново, ги спобркал сенките што се грчеле со машки воздишки околу неговата куќа сѐ додека не натерал тројца никаквеци да се напикаат во манастирот па тој таму без збор ја дигал и ја спуштал ластегарката поттикнуван од цел куп жени што дошле да ги собираат своите парталковци и да ги лекуваат дома од модрици и навреденост со толчен печен кромид во зејтин, потоа, по три или четири месеци, кога можело да се види дека прочуената убавица затруднела, попот знаел дека ќе остане без нова кошула, без нови чорапи и без куќа иако Доце Срменков му рекол дека ќе му купи нови опинци и, повторно облекувајќи ја везената кошула, отишол во некое штипско село по осамена вдовица со момченце од три години и со покуќнина што можела да се натовари на два магарешки коша, така било, селото се наполнило со доенчиња до првата протока на ракиските казани во сувите дни кога младите татковци се насмевнувале со модри усни кон Фиданкиниот маж од чија ластегарка сѐ уште накуцувал ситноглавиот Гавруш Пребонд но тој и порано со есенските 'рѓи чекорел под тешката облека со една здрвена нога од настинка и веќе се пеело, законите на Лесново или биле измислени заради дојденците или се заборавиле, и се кршел каменот по пештерите, впрочем и можело - на небото потрепетувале многу повеќе ѕвезди отколку што ги паметеле луѓето во тоа кратовско село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А самовилата продолжи: - Со момчиња без брада деветпати се мажев ама браковите не ми виреат.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не давајќи глас од себе, го извади самарот од зад лежиштето и појде со момчињата кон стајата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Имаме мака со момчињата како што се Пит Бриц и Дејл Џерик. Веќе пораснале.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)