Бидејќи со молчењето одат повеќе зборови, едно време на французите им остана само да слушаат, толку што беа надзборувани и надмафтани.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Зад него ни остана некаква празнина што можеше да се исполни само со молчење.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Можеби баш тоа непремислено движење ја потстакна неа да се засмее и, место да премине преку сето со молчење - како што би очекувал од неа - да ми рече пред целиот клас: „Ти треба да ги пратиш овие чевли в музеј”.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Или, за татко ѝ Јосиф кој го нервираше со молчењето, но кој со тоа покажуваше дека почнал да му се плаши, зашто неговиот сурат не е веќе сурат на чирак?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Жртвата тоа го поднесуваше мирно и со молчење.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
- Ќе го стреламе, вели едниот. Другите двајца не велат ништо. Одобруваат со молчење.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Небото, земјата, морето, целиот овој свет е голема и преславна книга Господова во која со молчење ни се открива проповеданиот Бог, оти сѐ што може да се види е сведоштво за невидливото“, рече, и тоа очигледно остави силен впечаток врз логотетот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)