со (предл.) - меч (имн.)

Седум генерали, ни големи а ни мали, под еден се мустаќ тежок; раце шират - в преграб жежок го стискаат царот питач, со него и принцот клепкав, царицата боса, лита, принцезата нос што чепка, танка и со фустан скинат, и уште и песот царски, со некоја муцка луда, но со меч и пелерина...
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се фатив за некој исушен корен и притаено гледав тие црни сеништа стапка по стапка како ми се приближуваат вртејќи се околу себе, скокајќи кон ѕвездите, гребејќи и нуркајќи в земи, сѐ дури одново тоа грозно завивање не ми го скрши сонот и ме разбуди со меч со кој на крајот замавнав и на себеси За да се најдам скаменет во прекрасна болка - Скршен меѓу усамата и раната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
На Моби Дик низ мориња јавал, пиратите офкале од страв: „Да бегаме, да спасиме глава, нас нѐ гони со меч Пупи Паф!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Арамии, клети, вражји сили, гламна ќе сте од удар на гром.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Под брегот браздата со вода се тенчи, се исукува и како змија се крие низ камењата и лопушките, крај неа пиштат жегалци жедни на ридот се гледа забодена коса со сечилото свртено нагоре кое одвреме навреме одблеснува на сонцето како молња да прелетува и навира морници; чиниш: Архангел со мечот минува или се токми да мине.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто тој бил иднината на животот - старите се само стари и мртви пред да умрат, тој и неговите врсници ќе го обновуваат животот, плодоносци со живо семе во живо месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На ѕидот останува само Свети Аранѓел со мечот во раката. Нѐ гледа од ѕидот и не се помрднува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)