Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А вие не прегледувате: со мезе, без мезе, муренкојца, сливојца, коминојца... Само тури да се лока!...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во тивката квечерина, Мајка му ја донесе на Татко, по многу време, чашката ракија со мезе којашто тој многу ја разретчи во последните месеци, особено по јасната манифестација на дијабетот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
КОТЕ: Ама што, ракија ли топли? Аааа, ха, хах!... Така ли ја пијат жените, со мезето внатре?
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)