Татко најчесто пишуваше со мастило и со перо, на дрвена перодршка.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Два прста од неговата десна рака беа измачкани со мастило.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Отец Симеон седна на подот и му напиша на брата си писмо со мастило, крв и ракија. „Брати Јоване.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Полека го вртеше пердувот низ прстите, не ни забележувајќи дека си ги замачкал со мастилото кое веќе се имаше засушено на наострениот врв од пердувот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На неколку листа од папката, пишувани со мастило, Елена го препозна ракописот на Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Дедо, заборавивме да провериме дали возот го вози чичко Јастреб, прјателот на тато, којшто на рацете има исцртано разни натписи и фигури со мастило што не се брише до крајот на животот, - се туфкав.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Едни пишувани со молив, други со мастило и врз нив имаше дамки од крв.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)