со (предл.) - малтер (имн.)

Ноќта добар дел од патот го има поминато, утре треба рано да се станува, веќе не е малтерџијка, скелињата по кои со една друга жена го качуваа тезгерето со малтер се расковани, зградата веќе има друго, бело лице наспроти црнината што бегалците ја таат во градите, и, за среќа, веќе има работа не во стопанството, туку еве сосема блиско, во фабриката.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
КАЈМАКАМОТ: Премачкај ја со малтер. (Пауза) Не си одам додека не завршиш. (Пауза. Тишина. Михајло поаѓа кон вратата да излезе. Киро му се испречува на патот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А утредента, додека тие ги носеа првите копанки нагоре, по скелињата, а еден мајстор најгоре пееше „Поминуваш, Јано мори, заминуваш, ми се смееш, Јано мори, не ми зборвеш“, оној доаѓаше до Башмајсторот, кој стоеше веднаш до нивното корито со малтерот и тие можеа да чујат сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу куќарката имаше двор ограден со ѕидана авлија висока околу еден метар и со кренати ѕидани столбови меѓу кои имаше врамени жичани мрежи, сега разурнати и ’рѓосани, со малтерот испаднат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога Стела ќе ги искачи двете кофи со малтер на скелето кај Богдан, ги турива подолго време во текнето свртена со задниот дел кон Богдана и поднаведната при што поткренатиот фустан ѝ ги открива бутините.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)