со (предл.) - кула (имн.)

На тој начин, печатената порака би била проследена со тонски запис, а цели делови од текстот можат да бидат проследени со музика, како јај радио и ТВ огласите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првата го смести меѓу кориците на магазинот целиот свој нов управувачки комплекс, комплет со кулата и покривот, а вторава компанија тродимензионално го „огласи“ својот најнов компјутер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И не е никакво чудо, Адем е чифликсајбија со имот од илјада дулуми, илјада и петстотини овци, сто и педесет говеда, дваесет коњи; со кула и кошари за чифчиите, а Муарем е негов измеќар, само за разлика од другите тој не е обичен слуга, а служи со извесен понос.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Меѓу корисниците на овој „штос“ беа и Transamerica Corporation, најголемата осигуретелна куќа во Америка (по нејзината триаголна кула се препознава целиот Сан Франциско) и компјутерската корпорација Honeywell. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 117
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)