Глоба во износ од 1.000 ЕУР во денарска противвредност ќе се изре- че за прекршок на правно лице ако не води ваква евиденција; а, за истиот прекршок, одговорното лице кај работодавачот ќе се казни со 300 ЕУР (чл. 56, ст.1, ал.10 и ст.2 од ЗБЗР). 4. Ако на работникот му е предизвикана штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја надомести штетата – според општите правила на одговорност за надоместок на штетата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во врска со кршењето и намалувањето на работничките права вреди да се спомне и тоа дека овие две појави не се со ѕид одвоени една од друга.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Одговорноста за обесштетување на работодавачот се однесува, исто така, и на штетата која работодавачот ја предизвикал со кршењето на правата на работникот од работниот однос (чл. 159, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)