Постои паралела со Кралот Иби на Жари, кој совеста си ја носи со себе... во торбичка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
За секого везирот докладуваше: – Граф Никола Црепковиќ, пратеник на KB кралица Изабела од Ердељ – го претстави везирот Изабелиниот пратеник кој му донесе непријатен глас дека нејзиниот намесник фратар Георги се спогодува со крал Фердинанд да се отцепи Ердељ од султановата држава и да се присоедини кон Фердинандовата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И, навистина Фаик Коница живееше друг живот во Бостон, каде што застана на чело на албанската дијаспора во Америка, го издаваше весникот „Дијели”, потоа во Вашингтон каде што долги години беше амбасадор на Албанија на чело со кралот Зогу.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Еден даден збор на Аримба, братот на Олимпија, благослов, согласнот за мажачката на Олимпија со кралот Филип втори - го измени светот!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
По дваесет и седум години, што значи дваесет и четири години по смртта на Бах, баронот Готфрид ван Свитен, кому впрочем Форкел му ја посветил својата биографија на Бах, а Бетовен својата прва симфонија, се сретнал со кралот Фридрих накратко, и за таа средба вели: Тој [Фридрих], меѓу другото ми зборуваше за музиката и за еден голем оргулист Бах што живеел извесно време во Берлин.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)