со (предл.) - книга (имн.)

Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Решив да се затворам со книгите во собата горе и да продолжам да ја пишувам својата повест.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во ноќта, со книгите, Татко ја губеше претставата за течењето на времето.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко сета ноќ ја мина со книгите. Мајка тоа го толкуваше како среќа која, потоа, ќе се пренесе на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Задоволен, носеше со себе преполна чанта со книги и дефтери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во отоманските простории на Судска медицина ги пречекаа некои лица под гази и со гумени ракавици, кои би можеле да му бидат некогашни колеги од студии или вонземјани ангажирани за хонорар, што ги одведоа до една поголема просторија како семинарска читална по чии ѕидови место рафтови со книги се редеа кофчежиња за картотеки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стоеше над мене, со книга и калем в рака, и на книгата, со наши букви беше испишана тајната запишана на Папокот од светот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Башка повеќе жежи затоа што „културата“ (во чие опкружување се обидува да дише на шкрги и да биде одвај видливо, ко Челичната Шепа, ова ситно, наказно телце по име Маргина/ Темплум, некакво си хибридче од пар култури, и затоа опасно) речиси дека е на ниво на племенска култура, без критериуми, релации, фидбек, самопрогласена, самобендисана, без најобична рецепција (а камоли „критична“!), култура во која бавењето со книги или е работа на примитивни социјалистички профитери- гребатори или најцрн идеализам кој за кратко време ишмукува толку што човек се претвора во школка, во ехо на згазен молител.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исправена на темниот орман со книги, гола и бела, грчката богиња стоеше со дигната глава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Книгава нема за цел да се натпреварува, на пример, со книгата на Џоел Дерфнер Женче: Мојот поход да станам најгеј- човекот на сите времиња и што стана наместо тоа; со книгата на Доналд Ројтер Гејдар36: Врховен инсајдерски водич за шестото геј- сетило; со книгата на Кети Криминс: Како хомосексуалците ја спасија цивилизацијата: вистинската и јуначка приказна за тоа како геј- мажите го обликуваа современиот свет; со книгата на Кевин Дилало: Неслужбен геј- прирачник; со онаа на Џуди Картер: Хомоприрачник: како да стапиш во контакт со сопственото внатрешно хомо: водич за опстанок за лезбејки и за геј- мажи; со онаа на Френк Браунинг: Културата на желбата: парадоксот и перверзноста во геј- животите денес; со онаа на Даниел Харис: Подемот и падот на геј- културата; со онаа на Берт Арчер: Крајот на геј и смртта на хетеросексуалноста; или дури и со веќе класичниот преглед на Мајкл Бронски: Судир на култури: создавањето на геј- сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го гледав како заспива и посакував да легнам покрај него, а останував да седам во аголот на собата, со книга во скутот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му имав речено дека читам додека тој спие, а всушност минував часови загледана во неговиот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Како и да е, додека го вадат од водата, од него ќе испадне „бакарната книга“ испишана со „непознати букви“, и тогаш , со еден странски восклик („о, возљубени читатели“) искорнатото срце на авторот пак ќе зачука во градите, и тој со „ангелска леснина“ ќе летне „кон својата татковина, кон дома“, со книгата можеби напишана а можеби ненапишана.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Две девојки стоеја на штандот полн со книги. Беше пладне.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Девојките што гледаа во штандот со книги разговараа меѓу себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во нашиот бордел, уште првиот работен ден, се појавува Ричард Гир со розова ружа и со книга пред печатење и избира една најдобра, најумна и најблесава од сите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Седевме во фотелји од чии фустанчиња ѕиркаа дебели и искривени лавји нозе, со книги секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сликан е на истата оваа клупа на која тој сега седи, на денот кога заодел на училиште; на рамото држи шарено торбиче со книги; на капата му се гледа римски број I; облечен е во волнени бечви и антеривче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Климент Камилски, уште како студент и докторанд на Сорбона, располагаше со главните дела на Андре Мазон и во College de France им се восхитуваше на неговите предавања за руските класици Иван Гончаров (за кого своевремено одбрани докторска дисертација на Сорбона) за Иван Тургенев, од Пушкин и Шевченко до Достоевски и Толстој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се врати од Голи Оток, ги откопа сандаците со книги, макар оштетени, како да имаа поголема библиофилска вредност, но со поарчени значења, додека преостанатите книги ги извади неоштетени од отворените ѕидови во библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таква беше и судбината на офицерот и славист Андре Мазон, кој не се врати од бојното поле со медали, туку со книги за опстанокот на обичните луѓе, недолжните жртви на Големата војна која ја водеа Големите сили и нивните балкански поделени балкански сојузници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ќе располага со книгата на Петар Скок, Prilozi proucavanja turcizma u srpskohrvtskom jeziku, објавена во Прага во 1938 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголемата соба на сите ѕидови имаше вградено рафтови со книги, но и целата просторија беше исполнета со метални регали со сталажи од подот до таванот полни со книги, како што тоа можело да се види во библиотеките на градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зачудено гледаше како во цели два-три рафта можеше да забележи тематски наредени книги за козите, за јагулите, за историјата на империите на Балканот, за сиџилите, за границите, за козите, за лавиринтите, за жртвувањето на Балканот, за балканските и светските војни, а најмногу рафтови со книги имаше за јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но набргу го опседна мислата како ќе се справи со книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ги задолжи Албанците со книгите За албанската албанската азбука, Албанската граматика, како и неговиот програмски текст Што била, што е и што ќе биде Албанија (објавена во Букурешт во 1899), драмата Беса и многу други, додека новата турска култура ќе ја задолжи со Толковниот турски речник (со близу 45 000 зборови).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хотелските работници со големи маки ги симнаа трите сандаци полни со книги во холот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Перонските работници на брзина ги симнуваа сандаците со книги, следени од загрижениот поглед на Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се будеше во ноќта, ги прелистуваше купените книги, читаше од нив фрагменти и повторно заспиваше со книга крај себе...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наеднаш, како што човек прави понекогаш со книга за која знае дека ќе ја прочита и препрочита секоја нејзина страница, ја отвори на друго место и се најде кај третото поглавје.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас сум цел ден повеќе со книгите и не можам да се помирам дека и мојата милост, за да можам така да живеам, се издржува од таквата мака на каурот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И жена му, во чеизот, имаше ковчеже со книги. Немаше многу книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На ден пред заминувањето, ја видов повторно со книгата в раце.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, откако се поздрави со загрижениот Гури Порадеци, не дочекувајќи го неговото прашање каде е Татко, му покажа со раката дека е горе, со книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Доаѓаше со своето мало торбиче, во кое беше нејзината ноќница, нејзиното шише со лимонска тоалетна вода од која никогаш не се разделуваше, доаѓаше со чоколади за децата, со тегла ајвар или слатко, што ги беше подготвила сама, таа есен, и со книга од Татковата библиотека.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Марија број два- ти го виде ли шишето врз орманот со книги.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зарем не се случуваше тоа со книгите за јагулите кои го зближија и спријателија со Игор Лозински?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми го покажа собичето со книгите и жолтата ламба. Ми кажа и за јагулите. И така дојдовме.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На моите долги прошетки покрај рафтовите, продолжи тој, во средбите со книгите, (имајте предвид: на овие катови се пренесени речиси сите знаења што им пречеле на некогашните поробувачи поради идеите застапени во нив) се среќавав и со таа веќе спомната вечност на вистините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас бев многу задоен со книгите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Телето потскокнува, како бафало, со своите 150 килограми. – Ти да си теле, што би правела? - прашува Гаге. – Би скокала – одговара Танче, не подигајќи го погледот од својата дланка во водата околу која се сјатило стадо плашици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се отшетав со книгата во едната, и чашката виски во другата рака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се сеќавам како во градскиот автобус ги броев станиците до дома, стискајќи го кесето полно со книгите од чичко Раде.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Онака како што бев клекнат пред старите што беа наседнати на гредата пред задругата, ја прибрав торбата со книгите и сиот станав уво.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Престана да ги ослушнува нашите гласови, затворен во спалната, со книгите. Спалната мирисаше на тага.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тука сме веќе на тлото на најтемната и најзаобиколна топологија, заталкани поради неизвесноста на одредиштето: ми се причини прикладно тоа да го наречам заблуденост (destinerrance) или притајување (clandestination).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За мене тоа на одреден начин значеше практично спроведување во дело на некои поставки од Граматологијата во врска со книгата и линеарноста на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
— Со што ве помагаше Народна Република Македонија? — Со хартија, со книги, со весници, велам, со сѐ што ни требаше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)