И на птиците - еретици, помислувам, кои слетуваат право во пазувите на жените и во нив заспиваат како во библиско горје.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
А пилињата, да не знаеш што да им кажеш. Ќе ти дојдат на пенџере: врапчиња, сојки, сколовранци и ќе ти удираат со клунчињата на џамот. Ќе ти наѕираат во собата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)