со (предл.) - кајче (имн.)

Таму не се оди со кола. Само пеш или ако сакате со кајче? - Пеш – реков.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
НИКОГАШ НЕ СМЕЕВМЕ ДА СЕ ОПУШТИМЕ
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Трчаа полковниците по брегот или влегуваа со кајче во езерото и ги собираа птиците.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Па дури и уплав да те фати како ќе се вратиш со кајчето... замолча дедо Петре загледан кон Езерото - од час на час миговно ќе болсне рипче и пак ќе се нурне во стишените води.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога бевме во Манастирци, нашата прва чета, нѐ однесоа преку Црна Река со кајче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Двамината со кајче се вратија во Винени и таму на кожената блуза видоа и изброија дека беше пронижана со триесет куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)