Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
- Сус, бре! И пази што зборуваш. Немој Захаријадис да го мешаш со катран!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Горе на врвот веќе ја имаше ставено оската на која требаше да се клати камбаната и ја имаше испомачкано со катран.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Бев многу депресивен, би можело да се рече очаен, ушто повеќе, се чувствував како да сум заглибен во дупка со катран.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Потоа му ги покажав и на уредникот на Reader и тој беше воодушевен.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Го подготвував пилот изданието на Л. А. Викли и на уредникот му ги покажав моите стрипови. Не беше воодушевен.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Всушност, живеев близу LaBrea јамите со катран.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сакам утре да ја обележуваат вратата со катран и да го викаат детето копиле ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Обратно „Е“ на изгазениот и извалкан снег што се смешал и со катранот под праговите од насипот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
15 ДЕКЕМВРИ. Врне. После престана. Мојата судбина е испишана со катран. (Гледа во Матеј. Чека реакција.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
- Пепел од биволски копита помешан со шеќер и вар, струготини со катран, чад од лути пиперки...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- При напаст на голема болест, вели Маса Кулумоска се јаде лук и куќите се мачкаат со катран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Намачкајте ги кучињата со катран, вели Доксим Тренчески и фрлајте ги!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Големата болест тешко наоѓа прелез само во луѓето што јадат лук, вели, и во куќи намачкани со катран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А дали се пеело со бигор, со катран во срцето, ама ете - не смееш да плачеш...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кучињата веќе ги мачкаат со катран.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)