со (предл.) - капак (имн.)

„Каков ти беше излогот! Ти не знаеш! Чаеви од тревки, цветови и плодови во сите можни бои, распоредени во големи тегли како епрувети, со капаци како од мармалад од шипки од Подравка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Додека го покриваа со капакот дедо му Аврам гледаше студено, отсутно, рамнодушно и кон луѓето и кон сѐ околу себе, кон сѐ што постои.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го ставија крај ископаниот гроб, му штракнаа со кадилницата. И го покрија со капакот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)