со (предл.) - ишарет (имн.)

Наоколу многу гости седеа, терајќи си го ќефот со по некое пивце, со обемниот ручек, натпреварувајќи се со ишарети и сочни шеги, со кои се засмејуваа меѓусебно како врвен десерт по јадењето храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во разлабавениот простор Пелагија уште еднаш се доближува до Деспина, уште еднаш силно ја избакнува и прегрнува, истото го направи со Роса и Милка, Пела ја забележува во рацете на мајка Перса и со ишарет ги извлекува надвор, а потоа се предаваат на уличката што ги упатува на кај Бит-Пазар.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
— „Море ми, кога а иска, слепелнику?“ — му вела јас, a тој се насмевна и ми чини со ишерет: „види, види шо има во неа, та не питај кога су а искал!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)