со (предл.) - истражување (имн.)

Според мислењето на Ханс Ајзенк (Psycology of Politics, London, 1954), еден од првите кој сериозно се занимавал со истражувањата за вредносните ориентации и политичките определби, втората димензија ја претставува проекцијата на особините на личноста на поединецот врз областа на социјалните случувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Климент Камилски во мигот не одговори, но по малку изнесе податоци од неговата париска дисертација дека некои лингвисти кои не престанале со истражувањата на потеклото на јазикот биле следени од специјалисти во генетиката на популациите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со истражувања откриен е голем број примитивни слики и знаци што личат на писмо, но им недостасува систематизацијата што секое писмо мора да ја има.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Теоријата на самоорганизација интензивно резонира со истражувањата на Кауфман, Бернар Дерида, Кристофер Лангтон и Норман Пакард.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)