со (предл.) - искуство (имн.)

Во романот нема наратор кому може безрезервно да му се верува, секој исказ предизвикува сомневање и на ова место Башевски вешто ги сублимира искуствата на еден Селимовиќ со искуствата на современиот прозен видокруг.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето, стиснати меѓу чуки и суводолици, се поставувале зад камења и зад џунки со искуство на војувачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станувај и засолни се негде со онаа твоја пеперуга. Ти доаѓаат сватови со оган.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Едниот код кореспондира со искуството на современиот свет на западната уметност, а другиот се повикува посебно на нашето општество и неговата историја.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со други зборови, човек треба да ја сочува својата невиност но притоа да ја збогати со искуство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)