Со технологијата (техномагијата) на виртуелната реалност (поврзана со интерфејсите, какви што се: податочната ракавица, податочната облека, наочарите-монитори) денешниот поединец, значи, тргнува на пат во потенцијален, паралелен свет, такашто светот на имагинацијата не му е достапен/видлив само на духовното око, туку исто така и на ‘духовната рака’, бидејќи допирот е можен со податочната ракавица (data glove), постои стерео во 3D графичка симулација, а таа пак се менува во зависност од примачот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Виртуелната реалност со интерфејс, именуван како податочна ракавица, симулира духовна рака паралелна со духовното око и со тоа ја постава тактилната перцепција на одлично место во новата естетика на електронскиот медиј. manray 2) Естетизација на движењата, демонстрација на нови научни и философски парадигми Машини, такви и поинакви, индустриски машини и виртуелни „gadgets”: во 20-иот век навлегуваат и во уметноста, влијаат на нејзините стратегии и ги одредуваат нејзините усмерувања.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)