Барајќи го со поглед Марка, со изненадување виде дека грдомасниот слаб митролезец на нивната чета, Босанецот Мујо, со својот „шарец“, насочен кон влезот на земјанката, лежеше со кундакот стегнат во десното рамено, окото на нишанот и прстот на чкрапецот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Беше договорено: апартман 203, поглед на море, прекрасен брачен балдахин, кујна полна со изненадувања.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Тоа е она момче за кое ти зборував. - А, така – те чув – Само, внимавајте. Петар е полн со изненадувања.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Тоа ви звучи неверојатно, но животот е полн со изненадувања.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Во подобро осветлената дневна соба тој забележа со изненадување дека во брчките на нејзиното лице навистина има прав.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Центрифугирање Кога ќе те стигне зимата на крајот од уличката, немој да брзаш со изненадувањето.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)