Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако ја толкуваше попродлабочено спротивставеноста на книгите на сталинизмот кон светите книги, стануваше јасно дека, но кој тоа тогаш да го разбере, овој распоред можеше да се чита и како клуч – за односот на Сталин кон религијата во нашата земја без враќање, односно за замената на религијата со идеологијата од комунистичката партија на чело со Енвер Хоџа.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)