Збориш? Зборам. Со што? Го прашаа со здив кој гори, Тогаш некој тајно проговори: „Зар не гледате, устите му се затворени, Но душата отворена, со душата говори.“
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Тој започнува да се опијанува од воздухот заситен со здивот на нејзиното тело.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа сака да го извлече него од под неговата кожа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Го бутнаа пред себе топлејќи му го тилот со здив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Таа повторно се наведна над креветот и нејзиниот здив заедно со здивот на другиот, испари во неговиот систем за дишење и го пренесе неверството во неговиот крвоток.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дури и со здивот не ни можат ништо.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некои од тие девојки го допираа Зигмунд, ја кажуваа својата цена, и потоа трчаа по нас, ја намалуваа цената, сѐ додека не доаѓаа до онолку со колку може да се купи парче леб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа, кога веќе паѓаше мракот, отидовме во најбедниот дел од Виена; минувавме по полумракот на тесните улички, едвај се разминувавме со девојките во распарталени фустани, и со мажите во подеднакво распарталени алишта, кои им пристапуваа на девојките со предвреме огрубени лица, со шминка која само уште повеќе го истакнуваше грубеењето, со здив кој мирисаше на алкохол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ќе ги завтаса војниците, ќе им дојде со здивот зад петици, и колку да ги дрпне за ногавици, ќе подзапре, ќе нѐ почека.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Таа се свртува кон мене, ме подзема со здивот, и кога устата ми ја доближа, се одвртува и чепот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со прстите на својата смеа што кружат во муграта наслутена те вадам од ова задушено купе што живее со здивот на тунелите и те водам во синиот и широк сон на јавата да се одмориш во зеленилото на пристигањето.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)