со (предл.) - жар (имн.)

Ме носи под земји, ме крева Над облаци, ме гори од мрак- До зори, со сласт и пороци Таа река која гори, гори Да ме согори, да ме измами Со жарот, од боговите дарот, Кога сме тажни и осамени Сами од себе заборавени?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
И кога се скри сонцето, кога се замрачи убаво, војводата го крена ќумбето полно со жарје и со гламни.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Месото мора да се откорне со нокти, раната да се изгори со жар. А вие се карате. Гајле немате.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Ја наполнила пеглата со жарје и ја мавта во воздухот, ја разгорува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пееше со жар и задоволство од старите времиња, со длабок и треперлив глас што содржеше траги од некогашен импресивен баритон.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Падна и неговиот труп врз лопатата со жар и курешници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа ќе бидат убави денови, исполнети со работа, скитање по околните ридишта и кории и смирување во долгите зимски вечери, покрај огништето полно со жар, покрај саканиот старец кој ќе има можност да се изназборува за сите долги, премолчани месеци во планинската осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)