со (предл.) - домаќин (имн.)

Добро зготвениот, обилен оброк, со домаќин чиишто лесни обиди за забавување се чинеа дека воодушевуваат многу над границите на неговите напори, и лежерната атмосфера за којашто жеднееше Семовата душа, се здружија за да му пружат задоволство и луксузно олеснување на Сем, такво кое ретко кога го наоѓаше на своите тури низ ранчовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утрото уште рано в зора стана калуѓерот, се прости со домаќинот и домаќинката и си тргна кон Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе треба само да позборува првин со домаќините а потоа и со спахиите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оф, саде добрина да ни е во домата... саде убавина со домаќинот мој, со синот, со снаата, со внуката Ѕвезда - Деница.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Томи Такер пееше за да добие вечера. Ниту еден вистински трубадур нема да го стори тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)