Фати ја работата со добро, прибери некој и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го фатиш или убиеш.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Некојси, а велат тоа бил Христос, се нафатил да го корне злото, лошото, болното, грдото, ама со добро и правејќи само добри дела.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во новото поубаво утро во бескрајот на новиот ден ќе произлезе голема приказна, доволна за да собере цел еден живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Оревуар“, рекоа . - А, аревуар, - рече Србин. - аревуар, аревуар. Со здравје, со добро... - Аревур, аревур, - рече и Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Божем со добро нашите да ги наговори да го вратат грчкиот поп.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зар да не веруваме дека, најпосле, доброто со добро се враќа?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
ТЕОДОС: Ами, не турам јас за атер во мојата уста од секаква рака!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
АРСО: Со здравје и со добро, Стојанке! Е, бре чорбаџи Теодос, ја расплака сиромашката!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Добро за добро, добро со добро, така се гради среќа и мир.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
-Доброто со добро се привлекува. Добрините се составен дел на смиреноста.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)