Меѓутоа, сосем е точно дека дури со доаѓањето на бегалците од Белград во Софија во 1890 год. беше создадена основата на најзначајната македонска институција од тој период Младата македонска книжовна дружина што од почетокот на 1892 год. почна да го издава и својот орган „Лоза” на јазик со многу македонизми и со посебен „македонски правопис”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Целиот јужно американски континент сѐ уште живее во времето на жртвувањето на царствата кои пропаднале со доаѓањето на Шпанците и Португалците и кои никогаш нема да престанат со своето пропаѓање.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А тие, наместо да се зголемуваат, почнаа со доаѓањето на Рада да се намалуваат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пред триесет години, со доаѓањето на манастирот, посакала од игуменот да биде благословена како Ангелина, зашто тоа име најповеќе ѝ прилегало, како што му прилегало и на нејзниот син.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
На Агна, само на Агна можам да ѝ довикнам: Агна, не доцни веќе со доаѓањето, зашто зравје и радост веќе ќе немаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Оти, со доаѓањето на денот, јас го имав Земанек; Земанек беше веќе во Партијата, со мене; одевме заедно на сите кружоци; тој напредуваше одлично, и набргу ме надмина и мене во Партијата; таа наша упатеност еден на друг, преку партијата, ми пружаше утеха и мене, а верувам и нему, после она што му се случи на Јан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За среќа нивното уништување не беше поврзано со доаѓањето на нашата власт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку ќе почнев власта и вистински да ја мразам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со доаѓањето и на Сефардите бројот на еврејските жители бил толку доминантен што дури се појавил предлог овој град да се преименува во Самарија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со доаѓањето на мајката Роса и Деспина и да има Танаско нешто да ѝ соопшти тоа нема да го направи пред нив, си мисли Пелагија.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Приредбата заврши со доаѓање на Нова година - во бело облечена, со светкава дијадема во косите, насмевната и среќна - а над плоштадот се распрснуваат разнобојни ракети...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Со доаѓањето на есента сивило се вселува во нивните детски срца.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)