Моралот одамна ја мина точката на замрзнување во која со децении беше и сега е длабоко под нулата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Околу 90% од литературата која ви ја нуди образованието е тежок булшит кој е добро разработен и се покажал како успешен со децении уназад во перењето мозоци.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Се најдов во едно погрешно време во една со децении затворена и изолирана земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Беше тоа сојузот на поетот и револуционерот кој траеше со децении склучен со цел да се ослободи својот палестински народ и реализирањето во родната земја по долгогодишниот принуден егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Махмуд Дарвиш И така судбината сакаше да се најдам крај животите на Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш, во времето кога тие го водеа палестинскиот народ кон слободата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Заминував, по којзнае кој пат, во Франција, земјата која со децении остана закопана во тишината на нивниот егзил...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Па тоа беше вистината за книжевната уметност на фикцијата, која со децении ја барав.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Една од последиците беше оживеаната пеколна граница помеѓу Албанија и Македонија, одамна всадена во срцата на разделеното семејство од обете страни на границата, која како чудовиште се извиши од водите на Охридското Езеро и ги запираше луѓето со децении да ја минуваат.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)