Или, кажи ми ти другар“, наеднаш без причина се вознемири Таша, „мајката пред својот син во какво небрано лозје ќе се најде ако мора да објаснува дека таткото можеби веќе и не постои.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во расветлувањето на тајната, што не беше спремна да ми ја открие, не ми помогна многу ни прашањето што уследи, бидејќи и тоа беше исполнето со двоумење: „За да можеш да се наречеш нечиј син зар не е поважно да бидеш сигурен дека таткото ти е спремен да те прифати?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Забавено и со двоумење ги бараше клучевите од ковчезите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И сѐ така: со двоумење. Гледајќи му ја нерешителноста, жена му на Мил еден ден му рекла: „Не пишмани се...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Имаш ли некаква корист од мене, кажи ми старче? – со двоумење во погледот прашуваше Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
- Човек не може да заспие од нив. Сами ти се пикаат пред цевката, - рече Претседателот скришум и со двоумење посегнувајќи кон лагата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)