Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Со опинци и бели објала испрекрстено опашани со ремење, со пиштоли на појас и со реденици фишеци на крстот ставени преку градите, со брада до појас, обраснат, со каплак на главата, со пушка во левата рака и со гуна преку рамената. – Добро утро, добри луѓе- рече тој гласно.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)