И не можам да се тргнам од пред огледало. Се гледаме очи в очи со грозата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само понекогаш нашите погледи, обата полни со гроза, се среќаваа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Но, веќе истиот момент, како на успорен филм, на човековото лице љубопитноста се замени со гроза и раката убиствено ја зграпчи патерицата...
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- И чувме дека Бугарите јадат магариња, па и ние едно испековме. Го јадеме со гроза, ама го изедовме. После немавме ни оган, ни магаре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)