со (предл.) - граница (имн.)

Тоа сега не беше далеку, го поврзуваше река, ама и таа беше пресечена со граница помеѓу Југославија, односно Македонија и Грција, пред земјата да се затвори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Езерото ја имаше судбината да биде поделено со граница меѓу народи, режими и идеологии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Живеејќи долги години на бреговите на едно од најстарите и најубави езера во светот, Охридското Езеро, уште од раните па до доцните години на животот ги следев со посебно внимание миграциските процесии на птиците и рибите кои започнуваа и завршуваа во езерото и неговите брегови, како еден од планетарните центри на големите преселби.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така луѓето, со самото раѓање на Балканот, беа осудени да живеат со границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Душата на Ервехе беше поделена со границата. Сигурно беше поделена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Барем да имаме еден трофеј за спомен од ова расправање со границите...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)