Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но не мируваат лошите очи на Петрета, тие му наѕираат прекорно в душа: зошто се губеше ти во напразни сништа, зошто не одеше устремено со гради накај неа до оној миг кога градите ќе се допрат, зошто не сруши сѐ заради необичноста, да заборавеше дом и име, чест и спокојство, пуста пајажина?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Додека Едо буричкаше во моторот на колата оставена во дворот, му дојде жената на капетанот, бидејќи нероткиња, комишиите ја викаа Јаловицата, крупна, силна во нозете, со градите подвиснати бидејќи немаше градник, разградена со цигара во раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога свршував Јани ми ја затвораше устата со подлактиците, со дланките, ми ја потиснуваше устата со градите, а јас го гризев како бесна кучка.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)