Постојано го хранеше со горчината на поразените предци што се пренесуваше со генерации, од колено на колено, и со презирот кон победниците, кои, всушност, им беа браќа, и кон нивните сестри, кои им беа мајки.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Напати, кажувајќи ѝ на домаќинката своја што сѐ има претргано на печалба, ама и патем одејќи и враќајќи се, со горчина ѝ го кажувал напластеното во душата...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Чувството дека остана сосем сама ѝ го раскинува срцето, ѝ ја полни устата со горчина, ѝ ги потсечува колената осамата што дојде со кобното војничко писменце.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во молк го ислушав раскажувањето на сега осумдесетгодишната и некогашна партизанка на ДАГ, која неочекувано, со горчина во гласот, ме праша: - Како ли да го наречеме тоа време на кое често му се навраќаме во нашите спомени?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Меѓу првите треба да се однесат: 1/ Македонците со своето обединување за преследување на интересите на својата татковина станаа важен фактор што навидум влезе во сојуз со бугарскиот народ и со сите негови официјални претставници за достигнување навидумни општобугарски интереси во Македонија, а всушност со тоа го направи бугарскиот народ и неговите официјални претставници и установи орудија за свои сопствени чисто македонски цели и интереси; 2/ Македонците од сојузници со Бугарите во решавањето на македонското прашање станаа господари на тој сојуз, во кој Бугарите фатија услужливо, а понекогаш и со горчина во душата да ги исполнуваат барањата на Македонците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
ФЕЗЛИЕВ: (Со горчина и резигнирано.) Наместо да се залажуваш со тоа, синко, подобро е да избегаш, додека не дошле другите.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)