Откривме огниште со опалено камење, со гламни, со јаглење, со пепел. Огниште в планина.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
На сѐ можеше повеќе да се мисли, одошто на една толку убава градба во оддалечениот и пуст крај.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но штом дотрча поблиску, одеднаш, со гламњата што ја држеше в рака, почна да ги растерува кучињата. - Чибу! Чибу! Караман, Стрела, уаа!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога пред пролетта почна да се топи мразот, секој момент загрижен, тој ги обиколуваше скелињата и насипите. Понекогаш и ноќе со гламна во рацете.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И кога се скри сонцето, кога се замрачи убаво, војводата го крена ќумбето полно со жарје и со гламни.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)